ЗАШТИТНИ ШУМСКИ ПОЈАСИ

ЗАШТИТНИ ШУМСКИ ПОЈАСИ – едноредни или повеќередни линиски, вештачки насади од шумски или од овошни дрвја или од грмушки со цел да се заштитат земјоделски површини, сообрајќајници, природни и вештачки водни текови и акумулации, како и разни економски објекти од штетното дејство на ветерот (еолски нанос, снег) или на водната ерозија. Во поглед на намената, можат да се поделат на: полезаштитни, снегозаштитни, водозаштитни и противерозивни. Заштитните шумски појаси се извонредно ефикасни за заштита од сите наброени штетни дејства. По Втората светска војна во Република Македонијаинтензивно се работеше на подигање полезаштитни шумски појаси, па беа подигнати 1.700 ха во рамничарските реони на Пелагонија, во Тиквешко, Овче Поле, Кумановско и др. Ал. Анд. З’БАН – горна облека што се облекувала над кошулата. Се израЖенска облека – з’бан ботувал од домашно ткаено плат-но, богато украсен со китки, л’ски, вез и стари пари (монети). Најчесто се декорирал со елементи од везот: секирички, тегелец и ќ’сме, а одоколу бил украсен (поднижан) со л’ски. Ј. Р.-П.