ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ

ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ. Интензивното искористување на шумите, загадувањето на водите, интензивниот лов на рибите или животните, доведуваат до намалување на нивиот број во природата и до исчезнување на повеќе видови живи организми. Во Македонија е особено изразено во реките и во природните езера, каде што исчезнуваат или забележително се намалуваат цели популации риби и животни (намален е уловот на крапот во нашите езера, на рибите во реките и на пастрмката во Охридското Езеро). Секое исчезнување на жи-ви организми предизвикува осиромашување на екосистемите и нивно загрозување. Љ. Гр.