ЗАШТИТАТА ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

ЗАШТИТАТА ВО ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА – со развојот на производните сили се ус-ложнуваат и проблемите за заштитата во производствените процеси на дрвната индустрија, поврзани со ефикасната заштита на животот, здравјето и работната способност на човекот во текот на работниот процес. Заштитата во производствените процеси ги опфаќа проблемите поврзани со механичките повреди и несреќи при работа, како и сите други аспекти на овие процеси што имаат негативно влијание врз животот, здравјето и работната способност на човекот. Заштитата во производствените процеси се занимава и со проблемите поврзани со хуманизацијата на трудот. Тоа значи дека таа ги презема сите активности и мерки насочени кон приспособувањето на работата и раолошките, психолошките и социолошките особини и можности на човекот во работниот процес, со цел да се зачуваат неговиот живот, здравјето и работната способност во текот на целиот работен век. Б. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *