ЗАХАРИЈАДИС, Никос

ЗАХАРИЈАДИС, Никос (Одрин, 1903 – Сугурт, СССР, 1973) – генерален секретар на КПГ. По 1924 г. се доселил во Грција и во 1931 г. станал секретар на ЦК на КПГ, а во 1935 генерален секретар на Партијата. Во 1941 г. бил интерниран од Германците во логорот Дахау. По враќањето во Грција застанал на чело на КПГ. На 13. Ⅱ 1946 г., по негово застапување, ЦК на КПК донесол одлука за оружена борба за преземање на власта. По поразот на ДАГ (1949) емигрирал во СССР. Во 1955 г. дошол во судир со новото раководство на КПСС, бил супендиран и интерниран. Починал во Сугурт во Сибир. Во однос на македонското национално прашање во Грција спроведувал политика во корист на грчките национални интереси. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, Ⅵ, 1949, Скопје, 1983. Ст. Кис. „ЗАШТИТА“/„БЕЗБЕДНОСТ“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *