ЗАФИРЧЕВ, Васил

ЗАФИРЧЕВ, Васил (Велес, 28. Ⅱ 1980) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра. Краток период е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес, а од 2006 г. во Драмскиот театар во Скопје. Васил Зафирчев Улоги: Риле и Хаким („Лонг-плеј”); Јанко („Елешник”); Васја („Кокошка”); Пијанистот во истоименото дело; Прозоров („Три сестри”); Сократ („Облаци”); Џо („Жив чоек”); и др. Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *