ЗАФИРОСКИ Ѓорѓи Јованов

ЗАФИРОСКИ Ѓорѓи Јованов (с. Долна Бањица, Гостивар, 28. XI 1945) – спец. ортопед, редовен проф. на Мед. ф. (1996). Дипломирал медицина во Скопје (1969), каде што и магистрирал (1981), а докторирал во Белград за процената на вредноста на моделот на малигните коскени тумори (1984). Се усовршувал во Данска, шведска, Финска, САД и во Јапонија. Директор на Клиниката за ортопедија (1997-2002). Вовел примена на компјутерска евалуација, дијагностика и терапија на коскените тумори со реконструктивни хируршки методи во лекувањето на туморите и ја вовел криохирургијата во спа-сувачките оперативни зафати. Работел експериментална трансплантација на автогена коскена срцевина. Објавил над 160 труда. Член е на бројни национални и меѓународни стручни асоцијации. БИБ.: Малигни коскени тумори, Скопје, 1986; Спасување на екстремитети, Скопје, 2004; коавтор: Зглобот на рамото, Скопје, 1997; Детска ортопедија, Скопје, 2003. ЛИТ.: Билтен УКИМ, бр. 793. К. К.-П.