ЗАФИРОВСКИ, Ѓорѓи

ЗАФИРОВСКИ, Ѓорѓи (с. Капиново, Велешко, 28. IX 1919 – 19. Ⅳ 1992) – истакнат учесник во НОАВМ. Развил богата скоевска активност во Неготино. По Ослободувањето бил офицер на ЈНА и воен пензионер. Како активист на СЗБ од НОВ во Неготино пројавил интерес за публицистичка дејност за роднокрајното минато во НОАВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Развитокот и активноста на СКОЈ во Неготино во периодот 19411944 година, Тиквешијата во НОВ 19411945, кн. четврта. Политичките организации и народната власт, Кавадарци-Неготино, 1984, 45-64; Активноста на жените и на младинките од Неготино во НО војна 1941–1945 година, на истото место, 247261 (со коавтор). ЛИТ.: Тиквешијата во НОВ 1941–1945, кн. прва – седма, Кавадарци-Неготино, 1984. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *