ЗАФИРОВСКИ, Илија

ЗАФИРОВСКИ, Илија (Охрид, 12. Ⅴ 1927 – Скопје, 13. Ⅹ 1984) – еден од доајените на македонското современо новинарство. Соработник на „Борба” во Белград (1946), потоа дописник на овој весник за Македонија со седиште во Скопје. Во „Нова Македонија” (1954) го поминува најголемиот дел од својот работен век, во Внатрешно-политичката рубрика и како главен и одговорен уредник (1978/1981). Од 1981 сè до смртта, главен и одговорен уредник на в. „Трудбеник”. Претседател на Здружението на новинарите на Македонија. Б. П. Ѓ. Ѓорѓи Зафироски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *