ЗАФИРОВА РОГАНОВИЌ, Даница

ЗАФИРОВА – РОГАНОВИЌ, Даница . (шибеник, 14. Ⅷ 1949) – основно и средно образование завр-Даница Зафирова-Рогановиќ шила во Прилеп. На ПМФ во Скопје (Група за биологија) се запишала во 1968/69 г., а дипломирала во 1972 г. Престојувала во Белград како студент на постдипломските студии од областа на молекуларната биологија (1972– 1975). Во 1979/80 г. престојувала на Институтот за патологија во Бостон, каде што била вклучена во тимот за примарни тумори на весица уринариа. Докторирала во 1986 г. Во 1988 г. е избрана за доцент на ПМФ во Скопје, а во 1994 г. за вонреден професор. Во звањето редовен професор е избрана во 1999 г. Учествувала и била раководител на 8 проекти. Објавила 87 научни труда. Д. Пр.