ЗАРОВ, Климент

ЗАРОВ, Климент В. (Охрид, 1848 – Дебарско, 1915) – деец на преродбенското и револуционерното движење, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент” (1885), член на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891) и на Македонскиот таен комитет во Софија, издавач и (веројатно) автор на „Карта на Охрид и на неговата околина” (Софија, 1887) и борец за обновување на Охридската архиепископија. З. е сопственик на фабрика за конзервирање риби во Охрид и собирач на помошти за охридските училишта и библиотеки, заради што патува во Бугарија (1887 и 1889–1890), Србија (1889), Русија (1889) и Романија (1890). Избран за претседател на Бугарската матица во Охрид (22. Ⅶ 1912). Убиен од српските воени окупациони војски „некаде кон Дебар”. ЛИТ.: Д-р Стојан Ристески, Навраќања на историски теми, Охрид, 2000, 17-42. Бл. Р. Димитри Зарчев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *