ЗАПРОВ, Запро

ЗАПРОВ, Запро (Пиперево, Струмичко, 3. Ⅹ 1947) – хорски диригент и композитор. Дипломирал на ФМУ во Скопје (1982). Магистрирал на ФМУ во Белград (Д. Матиќ – Маровиќ, 1997). Од 1987 г. професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Долгогодишен диригент на детските хорови „Изворче”, „Развигорче” и на Женскиот младински хор при До-мот за млади. Во 1995 г. го форми-Запро Запров рал Хорското студио „Рустико”. Реализирал над 2 500 концертни настапи; добитник на 103 награди на меѓународни натпревари во РМ, во центрите и на фестивалите на поранешна Југославија, како и во над триесет земји во Европа, Америка и во Африка. Сн. Ч.-Ан. Бранко Заревски