ЗАНИНОВИЌ, Јурај

ЗАНИНОВИЌ, Јурај (Стари Град, Хвар, Хрватска, 11. Ⅴ 1886 – Белград, Србија, 1969) – лекар. Дипломирал на Мед. ф. во Прага (1918). Кратко време работел во родниот град и во Битола (1924), а потоа преминал во Прилеп, како прв дипломиран лекар во градот. Во Прилеп работел без прекин до пензионирањето (1960). П. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *