ЗАНЕШЕВ, Димитар И

ЗАНЕШЕВ, Димитар И. (Воден, 21. Ⅰ 1876 – Софија, 24. Ⅰ 1962) – учесник во Илинденското востание, воденски војвода. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија и егзистирал од трговија. Бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903), член на штабот на Вториот солунски револуционерен реон во Илинденското востание. Од 1905 г. станал војвода на чета во Воденско, се борел со андартите. ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф. 1075, оп. 1, а.е. 26, л. 63; Освободителното движение в Македони® и Одринско – Спомени и материали, Ⅰ, ЏЏИИИ, Софи®, 1983. Ал. Тр.