ЗАКОН СУДНИЈ ЉУДЕМ

ЗАКОН СУДНИЈ ЉУДЕМ – најстар словенски правен писмен споменик. Има повеќе теории за неговото авторство, време и мес-то на создавање. Поради моравизмите во јазикот, одделни правни поставки, паричните единици ка-Факсимил од „Закон судниј људем” ко и византиската Еклога што се наоѓа во основата, со голема доза на сигурност може да се тврди дека е создаден во Моравија од св. Методиј пред 870 (кога Еклогата е заменета со Прохиронот) во врска со поставувањето на црковните и правните основи на новата црква, како дополнување на постојните законски прописи во врска со настанатите промени. ЛИТ.: В. Ганев, Законџ Соуднѕј ЛњдЃмџ, Правно-исторически и правно-аналитични проучвани/, Софи/, 1959; М. Н. Тихомиров, Л. В. Милов, Закон Суднѕј лњдем краткој редакции, АН СССР, Москва, 1961; Р. Вечерка, „Великомаравские истоки церковнослав/нској писЃмености в Чешском кн/жестве”, Магна Моравиа, Сборник к 1100. вѕрочи прицходу Бѕзантске мисе на Мораву, Праха 1965; И. Вашица, „Законъ суднѕи лјудÏмъ”, „Соудни законик про лид”, ММФХ, вол. ИВ, Брно, 1971; К. Илиевска, закон7 соуднѕј лњдЃм7, МАНУ, Скопје 2004; К. А. Максимович, ЗСЛ, Москва 2004. Кр. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *