ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ТОПОНИМИТЕ во Егејскиот дел на Македонија

ЗАКОН ЗА ПРОМЕНА НА ТОПОНИМИТЕ во Егејскиот дел на Македонија (1926) – државна мерка со која сите македонски топоними (имиња на реки, планини, села и градови) се заменувале со грчки. Топонимите што можеле да се преведат од македонски на грчки биле преведувани, а на оние што немало адекватна грчка замена им се давале нови грчки имиња. Грчките власти ги смениле имињата на повеќе од 1.700 места. ЛИТ.: Тодор Христов Симовски, Населените места во Егејска Македонија, И-Ⅱ, Скопје, 1998; Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913– 1995), Скопје, 2000. Ст. Кис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *