ЗАКОНОДАВНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

ЗАКОНОДАВНА КОМИСИЈА ПРИ ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ (2. Ⅷ 1944) – орган на Президиумот на АСНОМ. Основана со Решение на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 г.) за да ги разгледува и да ги одобрува законодавните акти на АСНОМ или на Президиумот на АСНОМ пред да одат на седниците за конечно усвојување. Први нејзини членови биле: Петар Пирузе, Петар Манговски, Благоја Хаџи Панзов, Асен Симитчиев и Благој Левков. Ги именувал Президиумот на АСНОМ. Подоцна, со решение на Президиумот, Комисијата била трансформирана во Кодификационен совет, а претрпела и некои кадровски промени. ЛИТ.: Зборник документи АСНОМ, т. И, кн. 1-2. Избор и редакција д-р Александар Христов, д-р Миле Тодоровски, д-р Новица Велјановски, Скопје, 1984. Н. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *