ЗАИФИ

ЗАИФИ (Кратово, ⅩⅤ/ⅩⅤⅠ в.) – османлиски поет родум од Кратово. Добил солидно образование и пишувал поезија на персиски јазик. Станал познат по коментарот што го напишал за делото „Ѓулистан” на прочуениот поет Сади. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори. Македонија под турска власт (од ⅩⅣ до крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ век). Редактор д-р Александар Стојановски, Скопје, 1998, 464. Др. Ѓ. С. Зајас

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *