ЗАДНА РЕКА ГРМАЈТЕ

ЗАДНА РЕКА – ГРМАЈТЕ. (Витолиште, Мариово) – населба со некропола од доцноантичкиот и некропола од средновековниот период. Според монетите и другите наоди, населбата егзистирала од Ⅱ до почетокот наⅤв. со најголем подем во Ⅳ в. Врз неа во средниот век се формирала некропола на редови, од која се истражени 47 гробни целини. Погребувањето е вршено во гробни камари од типот на цисти, изведени од поголеми или помали камени плочи или плочести камења, како и во гробни јами директно вкопани во земјата или делумно оградени со поситни камења. Во нив е најден богат гробен инвенДоцноантичка архитектура и средновековни гробови, Задна Река – Грмајте, с. Витолиште тар презентиран преку неколку форми на накит. Бројните примероци на обетки, наушници, прстени од бронза и белегзии од бронза и стакло ги одредуваат хронолошките рамки на формирањето на некрополата во Ⅹ–XI до крајот на Ⅻ в. ЛИТ.: Лилјана Кепеска – Костадин Кепески, Доцноантичка градба од Задна Река-Прилепско, „Мацед. ацта арцхаеол.”, 11, Скопје, 1990, 181–191; Лилјана Кепеска, Задна Река–Грмајте средновековна некропола, Прилеп, 1995. Л. К.