ЗАГРЕПСКИ ТРИОД

ЗАГРЕПСКИ ТРИОД -. кирилски ракопис од македонска редакција. Се чува во Архивот на ХАЗУ во Загреб под сигн.: Ⅳ д 107. Содржи посен и цветен дел. Има 196 пергаментни листа (19х26,7) испишани со уставно писмо во постар облик. Напишан е во ⅩⅠⅠⅠ в., според јазичните особености, во Западна Македонија. Се спомнуваат имињата на Кирил Филозоф и на Методиј. Се смета дека, заедно со шафариковиот триод, претставува најстар структурен тип на словенски триод. ЛИТ.: В. Десподова, Л. Славева, Македонски средновековни ракописи, И, Прилеп, 1988; Ѓ. Поп-Атанасов, Речник на старата македонска литература, Скопје, 1989; Е. Црвенковска, Загрепски триод, Стари текстови, Ⅶ, Скопје, 1999. Е. Ц.