ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ

ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ – сите непрочистени води (индустриски или комунални отпадни води) што се испуштаат во реципиентите (реките и езерата) ги загадуваат водите. Индустриските отпадни води претежно носат разни токсични материи, тешки метали, а комуналните отпадни води големи количини органски материи што содржат високи количини биогени елементи. Затоа комуналните води ја зголемуваат продуктивноста на слатките води (трофијата на водите) со што се отвораат процеси на голема потрошувачка на кислород, растворен во водите и предизвикуваат создавање на анаеробни услови во нив. Тоа ги нарушува механизмите на саморегулација на водените екосистеми што доведува до силна деградација на биодиверзитетот. Секој човек, во текот на годината, од метаболитите исфрла 0,6 кг/г. фосфор во комуналните води, со што се зголемува трофијата на водите. Од земјоделските површини, ис-то така, се измиваат хранливи материи со што се зголемува трофијата на водите. Љ. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *