ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА

ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА – резултат на антропогената активност, претежно во урбаните центри и во индустриски региони каде што се трошат огромни количини на цврсти, течни и гасни енергенти за производство на електрична и топлотна енергија, за транспорт и за производство на метали и хемиски и синтетички производи. На таков начин човекот создава свој процес на кружење на материи што се испуштаат во атмосферата и ја загадуваат. Овие негативни влијани на глобален план се манифестираат со затоплување на биосферата, промена на климата, топење на ледниците и нарушување на биодиверзитетот на планетата Земја. Љ. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *