ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА (1944). По конституирањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), македонската војска ги интензивирала завршните дејства за ослободување на неослободената територија. Борбените операции ги планирал, ги подготвувал и ги раководел Гш на НОВ и ПОМ како извршен орган на Президиумот на АСНОМ. По капитулацијата на Бугарија и повлекувањето наⅤбугарска армија, германските единици ги запоседнале стратегиските позиции. Германскиот командант во Скопје, генерал шоерлен, на крајот од септември се обидел да создаде „Независна Македонија” со помош на Ванчо Михајлов и неговите приврзаници. Кон крајот на септември 1944 г. единиците на НОВМ биле распоредени по главните комуникациски правци. Во средината на октомври 1944 г. Гш на НОВ и ПОМ располагал со три корпуси од седум дивизии. Дивизиите во својот состав имале 23 ност. Д. Д. На пат за Сремскиот фронт Единиците на ⅩⅤ корпус во акција (1945) пешадиски, четири артилериски, една коњаничка, една автомобилска бригада и други единици. Во секое место имало територијални единици, ударни и диверзантски групи. Во Источна Македонија дејствувал Брегалничко-струмичкиот корпус. Во Скопско-кумановскиот и Кривопаланечкиот реон дејствувал ⅩⅤⅠ корпус, а во Битолскиот и Тиквешкиот реон дејствувал ⅩⅤ корпус. По договорот во Крајова, со кој на БНА $ било дозволено да учествува во борбите во Југославија, командантот и комесарот на Гш на НОВ и ПОМ отпатувале во Софија, каде што го договориле планот за заедничките дејства. Заедничките операции започнале на 7. Ⅹ 1944 г. Првата бугарска армија содејствувала на ⅩⅤⅠ корпус, по долината на Крива Река и Пчиња, а Четвртата бугарска армија содејствувала на Брегалничко-струмичкиот корпус по долината на Брегалница и Струмица. До 10. Ⅹ 1944 г. поголемиот дел од Македонија бил речиси ослободен. Борбите за ослободување на Скопје започнале вечерта на 12. XI 1944, со дејствата на единиците на 42-та и на Кумановската дивизија. На 13. XI 1944 г. вечерта Скопје било ослободено. Единиците на ⅩⅤⅠ корпус дејствувале на правецот СкопјеТетово, а единиците на ⅩⅤ корпус на правецот КичевоГостивар. На овој прос-тор, освен против германските, жестока борба се водела и против балистичките сили. Борбите траеле до 19. XI 1944 г. Во завршните операции за ослободување на Македонија особено жестоки борби се воделе за ослободување на градовите Прилеп (2. XI), Битола (4. XI), Струмица и Ресен (5. XI), Радовиш (6. XI), Охрид (7. XI), Штип и Струга (8. XI), Свети Николе и Велес (9. XI), Скопје (13. XI), Кичево (15. XI), Гостивар (18. XI) и Тетово (19. XI). Со тоа целата територија на Федерална Македонија била ослободена. ИЗВ.: Зборник НОР-а, Ⅶ, књ. 4. ЛИТ.: Михаило Апостолски, Завршне операције за ослобоÚење Македоније, Београд, 1953. В. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *