ЗАВОЕВ, Петар

ЗАВОЕВ, Петар (Штип, 1880 – Софија, 1965) – раскажувач, публицист и новинар. Откако ја завршува гимназијата во Солун заминува во Пловдив, каде што се вработува како новинар. Во оваа јавна дејност поначесто го користи псевдонимот Прохор Пчински. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата атрактивна книга Писма од Македонија. Во текот на 1929 во Софија ја издава својата книга раскази Моите стари соседи, објавена и на македонски јазик (Штип, 2004). Г. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *