ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ – специјализирана установа за уредување и користење на шумите. Како посебна установа Заводот е формиран 1952 г., а до-тогаш неговата дејност ја изведуваше Одделението за уредување на шумите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Придонесот на Заводот за македонското шумарство беше голем. Освен првата инвентаризацијата на шумите, подготовката на големиот број планови за стопанисување со шумите, тој изготвуваше и проекти за шумски патишта и згради. По формирањето на ЈП „Македонски шуми” (1997), Заводот престана да работи, а неговата дејност се пренесе на секторот за уредување и планирање на шумите во рамките на јавното претпријатие. Ал. Анд.