ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА

ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА. Во Институтот за спорт (1955–1957) е отворена првата Амбуланта за спортска медицина, а во основаниот Републички завод за физичка култура (1957) е формирано Одделение за спортска медицина со амбуланта. Во хонорарен работен однос во него работел д-р Никола Христов. Одделението е присоединето кон Здравствениот дом Скопје и е пренесено во просториите на Амбулантата „Букурешт”. Со создавањето на соодветни кадровски и просторни услови, Одделението прераснало во Завод за спортска медицина (1973). Во него се вработени определен број лекариспецијалисти по спортска медицина и помошен здравствен персонал. Заводот врши систематски здравствени прегледи на спортистите, а дава и други здравствени услуги. ЛИТ.: Никола Христов, Историски развој на спортската медицина во Македонија, Скопје, 1993. Н. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *