ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје

ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје – институција основана во 1952 г. со задача да ги решава проблемите на водостопанските дејности во РМ. Извршил голем број истражувања и изработил енормен број студии и проекти од областа на водостопанството и заштитата од ерозија. Поседува сопствена библиотека на проекти и студии и хидролошки податоци почнувајќи од 1924, инструменти за теренски работи, компјутерска и геодетска опрема. Соработува со домашни и странски компании, како и со меѓународни организации. Експертите од Заводот учествуваа во изработката на Водостопанската основа на РМ, Катастрите на водни ресурси и хидротехнички објекти, Картата на ерозија на РМ (1992), НЕАП, студии за заштита на водните ресурси и друга техничка документација. Ст. Д.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *