ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА -. специјализирани здравствени установи што ги следат, ги истражуваат и ги проучуваат здравствената состојба на населението, причините за појавата и за ширењето на заразните и други болести од социјално-медицин-Заводот за здравствена заштита на град Скопје ско значење, влијанието на разни фактори (вклучително и еколошките) врз здравјето на луѓето, предлагаат и преземаат мерки за заштита и унапредување на здравјето. Заводите за здравствена заштита се организираат на меѓуопштинско (регионално) и републичко ниво за спроведување активности од санитарно-хигиенската, епидемиолошката, лабораториската и социјално-медицинската дејност. Првите хигиенски заводи, како самостојни установи во некои поголеми општини, биле формирани во 1959 г., а од 1965 г. влегуваат во состав на медицинските центри до 1993 г., кога се издвојуваат како самостојни јавни здравствени организации. Во РМ дејствуваат 10 регионални заводи (Битола, Кочани, Куманово, Ох-рид, Прилеп, Струмица, Скопје, Тетово, Велес и Штип), еден Републички завод за здравствена заштита во Скопје и еден Воен институт за превентивна медицина во Скопје со идентична деј-

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *