ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје

ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје. Во 1953 г. е отворен Отсек за забни техничари, кој од 1972/73 се интегрира во Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје. Тука забните техничари, покрај општообразовните предмети, изучуваат стручни предмети и практицираат и изучуват изработка на вештачки фиксни и мобилни конструкции (коронки, мостови, шини, надградби, делумни и тотални протези), како и материјалите од кои се изработуват. Од 1986/87 се отвора и Отсек за стоматолошки сестри. Тие се подготвуват за работа во стоматолошките ординации за асистирање, за одржување, негување, стерилизација и дезинфекција на инструментите и работната просторија. Е. М.