ЖУРА, Владо

ЖУРА, Владо (Охрид, 3. XI 1946) – новинар и публицист. Бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник” во Охрид (1975-1997). Автор е на голем број написи и во дневниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид: циклусот од над 150 неделни едночасовни емисии „Реликвија”, посветени на минатото на Охрид – врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија; циклусот од 20 получасовни радио емисии посветени на охридската староградска песна; циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и др. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии. БИБ.: Жура за Жура, Охрид, 1995 (две изданија). С. Мл. Гоце ЖураАнгеличин