ЖУПАН, Александар

ЖУПАН, Александар (Струга, 6. Ⅲ 1919 – Скопје, 23. XI 1983) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1949). Специјализирал санитарна техника во Загреб. Го основал Одделението за санитарна техника при Централниот хигиенски завод во Скопје и бил негов раководител. Се занимавал со архитектонско проектирање на станбени, на општествени и на здравствени згради. Позначајни реализирани објекти: Градско собрание во Кавадарци (1950); Народна банка во Кавадарци (1951); Градски театар во Струга (1952); Општа болница во Кавадарци (1955); Општа болница во Струга (1959); Онколошки институт во Скопје (1959). Кр. Т.