ЖУГИЌ, Јелена

ЖУГИЌ, Јелена (Скопје, 20. Ⅲ 1973) – актерка. Дипломирала на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1995). Од 1997 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. Улоги: Дона Хуана во исЈелена Жугиќ тоименото дело; Сара Долорес („Тхе ловер”); Беатриче („Арлекин – слуга на двајца господари”); Ирина („Три сестри”); Костанца („Амадеус”); Панглос („Кандид во земјата на чудата”); ширин („Ферхан и ширин”); Грофица Алмавива („Свадбата на Фигаро”); Ерика („Европа”) и др. Р. Ст.