ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија

ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија (крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век) – композиторка од семејството Жефарович, кои, околу 1760 г. од Дојран се доселуваат во Виена. Учела музика, веројатно кај австрискиот композитор Јохан Непомук Хумл. Го објавува (1799) во Виена делото шест италијански ариети оп. 1, за вокал и пијано, творба што сведочи за високото техничко-композиционо мајсторство на оваа авторка. Б. Орт. Христофор Жефаровиќ: Стематографија