ЖЕФАРОВИЧ, Даниел, помладиот

ЖЕФАРОВИЧ, Даниел, помладиот (прва половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век) – композитор, член на лозата Жефаровци, кои потекнуваат од Дојран. Тој бил веројатно син на композиторката Тереза Марија Жефарович. Бил дворски советник во Виена, а со музика се занимавал на аматерска основа. Во тој град објавил три композиции во стилот на салонското музицирање на времето. Б. Орт.