ЖЕТВАРКА

ЖЕТВАРКА -. македонско народно оро во ритам 9/16 (2,2,2,3). Најчесто се игра во Кочанско од мажи или мешано – мажи и жени, со држење на рацете за рамо или за рацете спуштени слободно надолу. Орото е темпераментно, со подрипливи чекори. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 184. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *