ЖЕРНОВСКИ, Кирил

ЖЕРНОВСКИ, Кирил (Дебар, 21. Ⅹ 1897 – Скопје, 28. Ⅻ 1972) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1961 до Кирил Жерновски пензионирањето во 1967 г.) по предметите Фундирање, Геомеханика и Организација на градежните работи, еден од основачите на Техничкиот факултет во Скопје. Студирал во Софија, во Грац и во Загреб, каде што дипломирал на Техничкиот факултет. Пред Втората светска војна водел приватно проектантско биро, преку кое реализирал многубројни објекти, а бил и претседател на Инженерската комора на Скопје (1937–41). Учествувал во НОБ, а по Ослободувањето бил директор на Скопската дирекција на железниците, на „Пробиро” и помошник министер за градежништво (1947–49), по што работи на новооснованиот Технички факултет, на кој бил и декан (1950–52). Силно влијаел врз повоениот развој на македонското градежништво, посебно на полето на изградба на инженерски објекти, особено хидротехнички и транспортни. Љ. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *