ЖЕНАТА ВО НОАВМ

ЖЕНАТА ВО НОАВМ (1941 – 1944) – учество на жените од сите слоеви на македонското општество како активни учесници и соработници во антифашистичката и националноослободителната борба. За првите партизански одреди во 1941 г. и во годините потоа жените масовно работеле на обезбедување облека и храна, илегални засолништа, извршувале курирска и известителна служба и сл. Меѓу првите стотина борци на НОБ биле и 11 жени. Во воени единици некои од нив извршувале должности на политички комесари и членови на највисоките партиски и воени раководства. На Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944) меѓу 122 делегати имало и 6 жени. Со Декларацијата за основните права на граѓанинот на ДФМ била озаконета и рамноправноста на жените во новата држава. Официјално признато учество во НОБ имаат вкупно 5.752 жени. Од нив, околу 300 загинале, Партизанка во ослободеното Скопје (1944) 7 биле прогласени за народни херои, а 141 жена е носител на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Жените на Македонија во НОВ 1941–1945. Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и револуција 1941–1945. Избор, редакција и коментари: д-р Вера Весковиќ-Вангели и Марија Јовановиќ, Скопје, 1976; Д-р Вера Весковиќ-Вангели, Жената во револуцијата на Македонија 1941–1945, Скопје, 1982. В. В.-В.