ЖЕЛЕВО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО БРАТСТВО

„ЖЕЛЕВО“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО БРАТСТВО (Торонто, Канада, 1907) – друштво на Македонците по потекло од селото Желево (Леринско). Се-гашното спомагателно братство „Желево“ било основано на 1. Ⅹ 1921. Дејноста на друштвото се одвива во Желевскиот дом (од 1948). Сл. Н.-К. Димитар Железаров ЖЕЛЕЗАРОВ, Димитар Христов (Велес, 1900 – Скопје, 6. Ⅷ 1979) – професор на Ст. ф., специјалист по стоматолошка протетика. Хабилитирал во 1959 г. Автор е на учебниците: „Забна протетика и заботехника”, „Познавање на инструментите”, „Забна протетика и заботехника: коронки, мостови и керамика”, „Познавање на инструментите и некои материјали за стоматолози”, „Анатомо-морфолошки атлас на човечките заби”, „Стоматолошка технологија” и „Дентална протетика”. Е. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *