ЖЕГЛИГОВО – област во северниот дел на Република Македонија. Тоа е старо име за Кумановската Котлина. Се наоѓа во сливот на р. Пчиња помеѓу планините Козјак на исток и Скопска Црна Гора на запад. На југоисток кон Овче Поле и на југозапад кон Скопската Котлина, областа е отворена, а таков е случајот и кон север. Таа е настаната по тектонски пат, со спуштање по должината на раседи со меридијански правец. Релјефот е брановиден и во него се издвојуваат романовското и нагоричкото плато. Источните падини на Скопска Црна Гора се познати како Карадак, ридскиот терен помеѓу Пчиња и Крива Река се вика Средорек, а планинскиот крај помеѓу Козјачка Река и реката Пчиња Козјачија. Зафаќа површина од 1.315 км². Преку Жеглигово води меѓународниот пат Е–75, кој ја поврзува областа со Врањската Котлина на север и со Скопската Котлина на југозапад. Овде од него се одвојува магистралниот пат М–2, кој на исток го поврзува со Славишката Котлина, како и регионалниот пат кој населба лоцирана врз високиот рид од базалтна карпа со вулканско потекло. Најстарото населување на акрополата потекнува од енеолитот. Најбројни се остатоците од римскиот период во под-ножјето на ридот, како и од ранохристијанскиот период, потврдени со фрагменти од керамички садови и градежен материјал, лоцирани во средиштето на акрополата, опкружена со бедем. Тука била лоцирана рановизантиска базилика со некропола во непосредната близина. Локалитетот е истражен во помал обем, а наодите зборуваат за високиот статус на локалното население. ЛИТ.: Б. Ѓеорѓиевски, Костоперска Карпа – Жеглиговски Камен, во: Археолошка карта на Република Македонија, Ⅱ, Скопје, 1996, 213-215. Љ. Ⅹ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.