ЖАНТЕВА-НАУМОСКА, Магдалена Апостолова

ЖАНТЕВА-НАУМОСКА, Магдалена Апостолова (Скопје 15. Ⅶ 1947) – интернист-кардиолог, редовен проф. на Мед. ф. (2002). Магдалена Жантева-Наумовска Дипломирала медицина во Скопје (1972), специјализирала по интерна медицина (1980), докторирала во 1990 г. – субспецијалист по кардиологија (2000). Учествувала во изведувањето на првите катетеризации во хемодинамската лабораторија на Клиниката за кардиологија. Раководи со Одделот за вродени и стекнати срцеви мани и воспалителни заболувања. Особен интерес има за подрачјето на лекувањето пациенти со стекнати валвуларни заболувања. Има публикувано над 150 трудови и учествувано на бројни национални и меѓународни стручни состаноци и конгреси. Продекан (2004-2005), в.д. декан (2004) и декан на Мед. ф. (2005). БИБ.: Вродени срцеви и стекнати валвуларни маани, во: Современа дијагностика и терапија во медицината, Кочани, 2000; Валвуларни маани и инфективен ендокардитис, во: Интерна медицина, И-Ⅱ, Куманово, 2003; Специфичности на прегледот кај срцеви мани, во: Клинички испитувања во интерната медицина-интерна пропедевтика, Скопје, 2004. ЛИТ.: Билтен УКИМ, бр. 797. К. К.-П.