ЖАБЕВ, Вангел

ЖАБЕВ, Вангел (Љалево, Пиринскиот дел на Македонија, 1939) – параолимписки пливач и тренер. На осумгодишна возраст, од заостанат експлозивен материјал од Втората светска војна, останал инвалид без двата подлакота. Освоил два олимписки медала на Параолимписките игри во Арнхем (1980). Живее во Велес и е активист на Сојузот за спорт и рекреација на хендикепираните лица. С. Мл.