ЕЈУПИ, Туна Перихан

ЕЈУПИ, Туна Перихан (Скопје, 20. Ⅲ 1955) – актерка. Член на Турската драма во Театарот на народностите од 1972 г. Улоги: Коштана; Зона Замфирова; Каста Дива во истоимените дела, Софие („Угурсуз”); Ленче („Бегалка”); Клодија („Тетовирани души”); Гертруда („Крал Хамлет”); Туна Ејупи Регана („Крал Лир”); Настасја („Идиот”); Дона Елвира („Дон Жуан”); Хурмуз („Хурмуз и нејзините седум мажи”) и др. Р. Ст.