ЕФТИМОВА, Катја

ЕФТИМОВА, Катја (Пазарџик, Бугарија, 31. Ⅴ 1910 – Скопје, 1996) – една од првите македонски сликарки, претставничка на постимпресионизмот и реализмот. Дипломирала на Уметничката академија во Софија (1932). Самостојно излагала во Битола (1945), Гостивар (1954), Тетово (1954 и 1997) и Скопје (1959, 1965, 1973, 1975, 1985 и 1997). Учествувала и на повеќе групни изложби. Посебно се издвојуваат нејзините дела „Циганка” (1933), „Кринови” (1947) и „Отешево” (1957). С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *