ЕУТРОФИКАЦИЈА

ЕУТРОФИКАЦИЈА – процес на природно или антропогено внесување хранливи материи (главно азотни и фосфорни соединенија) за примарните продуценти, што резултира со интензивен развиток на алгите и промена на физичко-хемиските услови на екосистемот и, најчесто, интензивно искористување на кислородот со појава на делумна или трајна анаеробија. Во Македонија се евидентирани голем број еутрофни речни (целиот долен тек на р. Вардар, Пчиња, Брегалница и други), езерски (Преспанското Езеро, Дојранското Езеро) и акумулациони екосистеми („Тиквеш”). Еутрофикацијата е природен процес на стареење на езерата. Св. К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *