ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА

ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА . (грч. кореос – оро) – наука што се занимава со проучување на народните ора и орската традиција. Во втората половина на ⅩⅩ в. започнала да се издвојува од етномузикологијата како посебна гранка. Нејзиниот развој го отежнува комплицираната кинетографска нотација, со која треба да се запишат сите позиции и движења на деловите од човечкото тело, како и кореографските движења на групата играорци кај определеното оро. Најупотребувана е кинетографската нотација на унгарецот Рудолф Лабан, која опфаќа околу 2000 знаци. Во Македонија познати етнокореолози беа Ганчо Пајтонџиев и Михајло Димоски. ЛИТ.: Драгослав ДевиÊ, Етномузикологија, Ⅱ део (скрипта), Београд, 1977, 46. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *