ЕТАТ НА ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЕТАТ НА ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – дрвната маса или површина од шумата предвидена за сеча со Посебниот план за стопанисување со шумите. Кога планот е за една година, станува збор за годишен етат, а за одреден период, за периодичен етат. Етатот може да се изрази со кубни метри, со површина, со број на стебла и со темелница. Планираниот сечив етат од шумите во РМ изнесува околу 1.300.000 м 3, а се користи околу 70%. Причините за некористењето на планираниот сечив етат се: распадот на поранешниот југословенски пазар и на дрвната индустрија, конфигурацијата на теренот, недоволната отвореност на шумите со патишта, слабата техничка опременост и др. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *