ЕСТЕТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА -. педагошка и истражувачка институција во рамките на (в.) Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, што ја основа професорот по естетика и етика д-р Павао Вук-Павловиќ (в.) во 1959/60 г. Нејзината дејност беше насочена кон компаративно-естетички истражувања. Работата на лабораторијата ја организираат професорите Една од првите амбиентални инсталации направена во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје Георги Старделов и, особено, Кирил Темков, како и голем број студенти и дипломци од повеќе генерации на Филозофскиот факултет. Во 1975 г. започнува да работи и „Отворениот театарски универзитет”, замислен како масовна општествена и културна акција за популаризација на театарската уметност, но и форма на театролошки и културолошки истражувања. Овие театарски активности подоцна, во соработка со Домот на младите, резултираат со основањето на фестивалот „Млад отворен театар”. Во дејноста на Естетичката лабораторија се вклучени и ликовната, филмската, музичката и архитектонската трибина, а во нејзините истражувања учество земаат низа научни и културни институции и дејци од областа на современото македонско уметничко творештво. Активноста на Естетичката лабораторија, со оглед на новите општествени услови, постапно замира кон почетокот на деведесеттите години. ЛИТ.: К. Темков, Естетичката лабораторија на Универзитетот во Скопје, „Современост”, Скопје, 2-3, 1981, 234-239; И. Џепароски, Екскурс: утопискиот проект на Естетичката лабораторија, во: Уметничкото дело, Скопје, 1998, 225-237. Ив. Ⅹ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.