ЕРОТЕЈ

ЕРОТЕЈ -(световното име: Лаврентие Давидов) (с. Варвара, Тетовско, ? – 1910) – игумен. Завршил ќелијно училиште во Софија и добил чин јеромонах. Служел во црквата „Св. Никола” во Тетово (1898). Бил игумен на Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј” (1898– 1910). Се истакнал во настанот опеан во народната песна за сардисувањето на манастирот (1905), кога, со мудрост и со храброст, го спречил масакрирањето на масата верници во манастирот, сардисан од Албанци на манастирскиот празник. ЛИТ.: Б. Светозаревиќ, Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895–1905, Скопје, 2003; И. Петрушевски, Б. Светозаревиќ, Лешочкиот манастирски комплекс, Скопје, 2001. Бр. Св. Опинчарскиот еснаф од Куманово