ЕРЕМИЈА

ЕРЕМИЈА (Серско, ⅩⅤⅠ в.) – митрополит на Пелагониско-прилепската епархија на Охридската архиепископија. Бил ракоположен за митрополит (13. Ⅲ 1583) и го придружувал охридскиот архиепископ Гаврил во политичката мисија во Европа, во Австрија и во Италија (Рим, 1586). Архиепископот Атанасиј И (1598) го испратил во шпанија, а по враќањето (1598-1599) го придружувал архиепископот на патувањето во Австрија и во Италија да бара помош за ослободување од власта на Османлиската Држава. ЛИТ.: Михајло Миноски, Ослободителните движења и востанија во Македонија (1564-1615), Скопје, 1972; Иван Снегаров, История на Охридската архиепископияпатрияршия (1394-1767), София, 1932. М. Мин. 2