ЕРГАС, шмуел

ЕРГАС, шмуел (Скопје, ⅩⅤⅠ в.) – еден од лидерите на скопската еврејска заедница. Се преселил во Дубровник (1560), каде што, заради високиот углед што го имало семејството, шмуел и неговиот брат Јицхак се стекнале со правото да бидат левантиски конзули во Дубровник. Ним им се приклучил и скопскиот Евреин Хаим Линдо, кој претходно бил конзул во Херцег Нови. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, 1990; Еврейски извори за обцествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠ век, И, София, 1958. Ј. Нам. Еребици камењарки