ЕПИР НОВ

ЕПИР НОВ (Епирус Нова) – доцноримска провинција со седиште во Дирахион (Драч). Северниот дел од античкиот Епир, кој во 148 г. пр.н.е. влегол во рамките на провинцијата Македонија, во доцната антика (во времето на Константин) е издвоен како посебна провинција во рамките на диецезата Македонија: териториите на денешна Средна и Јужна Албанија, заедно со југозападните делови на РМ и подрачјата на Дебар, на Струга и на Охрид. Границата помеѓу Македонија и Нов Епир во РМ се протегала на 13 римски милји (20 км) источно од градот Лихнид на егнатискиот пат, на точката Бруцида (Ресенско), а можеби и тврдината Петринска Кула, с. Петрино. Поважни провинциски градови биле Лихнид, Дирахион, Скампа, Аполонија, Билис, Амантија и Аулон. ЛИТ.: Ј. Сасел, Епирус, Табула Империи Романи, К34, Лјублјана 1976, 52; В. ПоповиÊ, Албанија у касној антици, Илири и Албанци, Београд, 1988, 201-207. В. Л.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *